Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.08.2025 година, го разгледа барањето на мислење од Уставниот суд на Република Северна Македонија У бр. 25/25 од 27.02.2025 година и при разгледувањето утврди дека по предметната иницијатива за оценување на уставноста на член 30 став 1 и став 2 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25) веќе е донесено Решение од Уставниот суд на Република Северна Македонија У бр. 15/2025 од 09.07.2025 година, според кое не се поведува постапка за оценување на уставноста на оспорените одредби од Законот за вршење на сметководствени работи. Со тоа, Советот констатира дека предметот нема елементи за натамошно постапување.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски