Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.08.2025 година, по повод Одлуката со број 0201-61 од 03.02.2025 година донесена од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, донесе Решение за поведување надзорна постапка над материјалното и финансиското работење на Институтот на сметководители и овластени сметководители за 2025 година.
Со Решението, Советот го задолжи Надзорниот одбор на Институтот да изврши надзор и да достави извештај до Советот во рок од 60 дена, кој ќе го опфати периодот од 01.01 до 31.08.2025 година. Во извештајот треба да бидат содржани состојби за донесувањето и спроведувањето на предметната Одлука на Собранието на Институтот од 03.02.2025 година, вклучувајќи детална спецификација на евентуални исплати, постапките според кои тие се вршеле и нивната усогласеност со законските процедури. Советот дополнително го задолжи претседателот и управниот одбор на Институтот целосно да постапат по ова Решение и да ја обезбедат потребната документација. По завршување на надзорната постапка, Советот ќе донесе одлука согласно својата законска надлежност.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
