Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.08.2025 година, донесе Решенија за поведување постапки по претставки поднесени од страна на познати подносители. Со Решенијата, Советот поведе постапки за испитување на наводите во Претставките за работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и го задолжи Управниот одбор на Институтот во рок од 15 дена да достави објаснување, податоци, информации и документација по однос на наводите во истите. По завршувањето на постапките, Советот ќе донесе Одлуки во рамките на своите законски надлежности.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски