Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.08.2025 година, го овласти Претседателот на Советот да присуствува на координативната средба со Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија. Средбата ќе се одржи на 26.08.2025 година (вторник) во просториите на Институтот, со почеток од 09:00 часот, по повод поканата поднесена од страна на Институтот.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
