Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.08.2025 година, донесе Решение за поведување постапка за давање согласност на Годишната сметка на Институтот на сметководители и овластени сметководители за 2024 година, Годишниот извештај за неговата работа за 2024 година и Ревизорскиот извештај за истата година. Советот утврди дека доставената документација содржи недостатоци, поради што му предложи на Институтот:

  • Да изврши корекција на насловот на извештајот и истиот да го достави во оригинал со архивски број;
  • Да достави мислење и изјава од Надзорниот одбор на Институтот за годишната сметка и извештајот;
  • Да достави предлог на Надзорниот одбор на Институтот за назначување ревизор за 2024 и 2025 година; и
  • Да достави одлука на Собранието на Институтот за избор на друштво за ревизија за 2024 и 2025 година.

Институтот е задолжен да постапи по Решението во рок од 180 дена. Доколку тоа не се направи, Советот ќе го одбие барањето на согласност од Институтот. Советот ќе даде согласност на актите на Институтот по нивното целосно усогласување со Законот и по обезбедувањето на целокупната документација заради давањето на согласност од Советот според методот на јавен надзор.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски