Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница одржана на 25.08.2025 година, по повод Барањето за иницирање контакт со Министерството за финансии на Република Северна Македонија со број 03-48/1 од 21.08.2025 година, поднесено од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија заклучи да го упати Собранието на Институтот на одредбите во член 21 став 2 точка 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 173/22 и 47/25), според кои: “Претседателот на Институтот: го претставува и застапува Институтот”.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
