Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 7-ма седница одржана на 19.09.2025 година, повторно го разгледа Барањето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со број 03-162/1 од 16.04.2025 година за давање согласност на Годишната сметка на Институтот за 2024 година, Извештајот за работењето на Управниот одбор на Институтот за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година, усвоени од Собранието на Институтот со Одлука број 0201-157/1 од 14.04.2025 година и на Ревизорскиот извештај на Институтот за 2024 година со број 0203-135/2 од 26.03.2025 година, усвоен со Одлука на Собранието на Институтот со број 02-158/1 од 14.04.2025 година и по однос на истото заклучи дека предметното Барање содржи недостатоци поради кои во оваа фаза не може да донесе Одлука за давање согласност на доставените акти заради следново:
- Називот на Извештајот за работењето на Управниот одбор на Институтот за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година не е согласно со терминологијата во Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25), ниту документот е заверен со архивски број и доставен во оригинал до Советот;
- Не е доставено Мислење на Надзорниот одбор на Институтот за Годишната сметка на Институтот за 2024 година и за Годишниот извештај за работата на Институтот за 2024 година, во оригинал со заверен архивски број, согласно со член 19 став 6 точка 3 од Законот за вршење на сметководствени работи;
- Не е доставена Изјава од Надзорниот одбор на Институтот дека доставениот Извештај до Советот со број 0203-131/7 од 25.03.2025 година е идентичен со неговото Мислење за Годишната сметка на Институтот за 2024 година и за Годишниот извештај за работата на Институтот за 2024 година;
- Не е доставен Предлог на Надзорниот одбор на Институтот за назначување на правно лице за изготвување Ревизорски извештај на Годишната сметка на Институтот за 2024 и 2025 година, согласно со член 19 став 6 точка 4 од Законот за вршење на сметководствени работи; и
- Не е доставена Одлука на Собранието на Институтот за избор на друштво за ревизија за 2024 и 2025 година, согласно со член 17 став 12 точка 16 од Законот за вршење на сметководствени работи.
Во смисла на горе наведеното, Советот побара од Институтот, во рамките на своите законски надлежности, да го дополни неговото Барање на начин така што ќе ги отстрани горе наведените недостатоци во рок од 180 (сто и осумдесет) дена, сметано од денот на приемот на Барањето за дополнување на Советот. Во спротивно, Советот ќе донесе Одлука со која нема да даде согласност на Годишната сметка на Институтот за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Институтот за 2024 година и на Ревизорскиот извештај на Институтот за 2024 година.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
