Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 7-ма седница одржана на 19.09.2025 година, повторно ја разгледа Одлуката со број 0201-61 од 03.02.2025 година донесена од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и по однос на истата заклучи да побара од Институтот, согласно со законските овластувања на неговите органи, да изврши надзор над финансиското и материјалното работење во однос на извршувањето на Одлуката со број 0201-61 од 03.02.2025 година, донесена од Собранието на Институтот и до Советот да достави Извештај за нејзиното извршување во рок од 60 (шеесет) дена сметано од денот на приемот на ова Барање на Советот од страна на Институтот. Советот бара во Извештајот да се опфати периодот од 01.01 до 31.08.2025 година и да се даде констатација за тоа како била донесена предметната Одлука од страна на Собранието на Институтот, дали и колку средства биле исплатени по истата Одлука, со детална спецификација на исплатите, по износ и по барател, да се наведе опис на процедурите по кои се вршела исплатата и констатација за тоа дали тие процедури биле почитувани. Воедно, Советот му укажа на Претседателот на Институтот да ја достави целокупната документација до надлежниот орган на Институтот што ќе биде побарана за потребите за вршење на надзорот од Барањето на Советот. По завршувањето на надзорот и доставувањето на Извештајот, Советот ќе донесе Одлука од своја законска надлежност.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски