Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 7-ма седница одржана на 19.09.2025 година, повторно ги разгледа претставките за работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, поднесени од страна на познати подносители и по однос на истите заклучи да побара од Институтот да достави објаснување, податоци, информации и документација до Советот во рок не подолг од 15 (петнаесет) дена сметано од денот на приемот на Барањето на Советот. Целта на Барањето на Советот е испитување на наводите во претставките, по што Советот ќе донесе Одлуки по однос на истите од своја законска надлежност.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски