Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 9-та седница одржана на 06.10.2025 година, постапувајќи по Дописот на Светската банка – Центар за реформи во финансиското известување со бр. 03-60/1 од 22.09.2025 година, донесе Одлука со која Претседателот на Советот се номинира за постојан претставник на Советот и се овластува да номинира и други експерти на состаноците во организација на Светската банка – Центар за реформи во финансиското известување.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
