Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 9-та седница одржана на 06.10.2025 година, усвои Упатство за постапување по барањата на надлежните министерства и другите државни органи и институции за номинирање на претставници на Советот заради учество во работни групи и тела со цел подготовка, измени, дополнувања и усвојувања на прописи и акти од областа на и поврзани со сметководството и финансиското известување. Со Упатството се уредува дека Претседателот на Советот е постојан претставник во сите работни групи и тела и се овластува, по потреба да номинира и други експерти во работните групи и тела, согласно со нивната експертиза.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
