Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 10-та седница, одржана на 09.10.2025 година, ја разгледа Иницијативата за зедничка средба во врска со примената на Меѓународните стандарди за финансиско известување, поднесена од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и поддржана од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија. Во врска со истата, Советот заклучи дека предложените термини се неприфатливи за Советот во оваа фаза. Од страна на Советот се превземаат активности за надминување на дилемите кои се појавија во пракса во врска со примената на МСФИ и двата Института дополнително ќе бидат известени за одржување на заедничката средба, по претходна координација заради усогласување на терминот. Воедно, врз основа на увидот во службената документација, Советот констатираше дека иако Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија го завршил клучниот процес на преводот на МСФИ, дилемите кои се појавуваат во пракса, јасно упатуваат на ризикот дека при преводот, не биле земени предвид клучните импликации од примената на МСФИ во пракса. Ова пред сѐ, се должи на немањето стратегија за хармонизација на МСФИ со националните регулативи, што не било оценето како ризик од страна на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија. Од страна на Советот, даставен е Одговор и Укажување до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, во иднина, при преводот на МСФИ, да внимава дека нивниот превод не е само формален процес, туку и суштински и при започнување на преводот, да ги оценува нивните импликации врз националните регулативи.
Заради надминување на овие пропусти, од страна на Советот, усвоена е Основна анализа на импликациите на МСФИ и е доставена до Министрството за финансии на Република Северна Македонија.
Во однос на воочените регулаторни ограничувања, од страна на Советот, согласно со неговите законски надлежности, доставено е Мислење до Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
