Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, го разгледа Барањето за координативна средба за имплементација на законските одредби со број 03-941/1 од 14.10.2025, поднесено од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и заклучи истото да го прифати.

Средбата ќе се одржи по претходна координација, заради усогласување на терминот кој ќе биде прифатлив за Претседателот и членовите на Советот, за Претседателката и членовите на Управниот одбор и за Претседателката и членовите на Надзорниот одбор на Институтот.

Средбата ќе се смета за одржана седница на Советот согласно со неговиот Деловник за работа.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски