Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, го разгледа Дописот со бр. 03-52/5 од 19.09.2025 година, доставен во име на Надзорниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и потпишано од Генералната секретарка на Институтот.
По однос на дилемата во дописот, Советот смета дека неговото Барање за надзор над финансиското и материјалното работење, заведено под бр. на Институтот 03-777/3 од 23.09.2025 година е јасно дека Советот бара целокупната документација којашто е потребна за вршење на надзорот, да се достави до Советот, кој согласно со Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25), е единствен надлежен орган да врши надзор над работењето на Институтот. Тоа подразбира дека, сето она што е наведено во Барањето за надзор над финансиското и материјалното работење на Советот, заведено под број на Институтот 03-777/3 од 23.09.2025 година, потребно е вклучува и документ за извршената периодична контрола на материјалното и финансиското работење на Институтот од страна на Надзорниот одбор на Институтот, кој во целина со целокупната документација треба да се достави до Советот.
Истовремено, Советот му укажа на Претседателот на Институтот дека рокот за достава на бараните документи тече и во поглед на неговото навремено исполнување т.е. недоставување на документација или доставување на делимична документација, Советот нема да прифати никакви отстапки.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
