Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, усвои Правилник за управување со судирот на интереси во Советот. Со истиот се уредува постапката за управување со судирот на интереси во Советот, како и постапката за изземање поради потенцијален судир на интереси, при постапувањето и одлучувањето од страна на Советот.
Усвоениот Правилник е доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
