Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, усвои Упатство за службените патувања во Советот. Според Упатството, Претседателот на Советот е овластен да донесе Одлука за службено патување, доколку на конкретен настан треба да бидат упатени до три лица од Советот. Доколку на конкретен настан треба да бидат упатени четири или повеќе лица од Советот, тогаш Одлуката за службеното патување ја донесува Советот на седница.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски