Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, ја разгледа информацијата од Претседателот на Советот за одржан состанок со претставници на Светската банка – Центар за реформи во финансиското известување и заклучи да достави благодарност до Светската банка – Центар за реформи во финансиското известување за одржаниот состанок.

Советот веќе започна да превзема одредени активности заради имплементација на дадените препораки во најновиот ROSC извештај.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски