Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, ја разгледа информацијата од Претседателот на Советот за поднесено Барање до Институтот на сметководители и овластени сметководители, за итно доставување до Советот на сите акти, т.е. договори, во фотокопија, што се склучени за превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување со МСФИ Фондацијата.
Со оглед дека по предметното Барање сеуште не е постапено, Советот заклучи да достави Ургенција до Институтот.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
