Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 11-та седница одржана на 21.10.2025 година, постапуваше по претставка поднесена од страна на познат подносител. Во претставката, подносителот наведува дека на пазарот за вршење сметководствени работи постои дисбаланс, на начин така што од страна на клиентите се бара сметководителите – трговци поединци, овластените сметководители – трговци поединци и друштвата за вршење сметководствени работи да извршуваат несметководствени работи или работи поврзани со вршењето сметководствени работи, без надоместок. Понатаму, подносителот наведува листа на несметководствени работи и бара од Советот да се превземат активности заради урамнотежување на дисбалансот на пазарот.
Заради остварување на своите законски надлежности, Советот заклучи да побара податоци, информации и документација од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија за тоа дали ова прашање било разгледувано од негова страна, дали и какви активности од негова страна се превземени, како и документација за превземените активности од страна на Институтот.
По добивањето на одговорот од Институтот, Советот ќе донесе Одлука по однос на наводите во претставката од своја законска надлежност.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
