Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на првотo продолжение од својата 12-та седница, одржано на 18.11.2025 година во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со претставници на Управниот одбор на Институтот се дискутираше укажувањето на Советот упатено до Институтот во врска со преводот на Меѓународните стандарди за финансиско известување. Претседателот на Советот извести дека од страна на Советот е усвоена Основна анализа за даночните импликации од примената на МСФИ и истата е доставена до Министерството за финансии на Репбулика Северна Македонија на разгледување. Претседателот на Советот посочи дека во моментот постои финализирање на ставот за доследна примена на МСФИ и побара Институтот да го почека официјалното известување.

Во однос на барањето за доставување договори со МСФИ Фондацијата, Претседателката на Институтот појасни дека поседува само договор за превод склучен со Министерството за финансии на Република Северна Македонија, додека договорот за авторски права од 2004 година се наоѓа исклучиво во Министерството. Советот едногласно заклучи дека неговите барања по овој основ се беспредметни и Министерството за финансии на Република Северна Македонија ќе биде информирано за тоа.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски