Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на првотo продолжение од својата 12-та седница, одржано на 18.11.2025 година во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со претставници на Управниот одбор на Институтот се дискутираше укажувањето на Советот упатено до Институтот во врска со Правилникот за дисциплинска одговорност на Институтот. Од страна на Претседателот на Советот беше посочено дека Правилникот не ги содржи последните измени на Законот за вршење на сметководствени работи и дека недостасуваат клучни акти во областа на интегритетот, како политика за управување со судир на интереси и правилник за постапување по пријави од укажувачи. Претседателот на Советот нагласи дека овие документи се неопходни за обезбедување непристрасност во работата на органите на Институтот. По дискусијата Советот заклучи во новите процедури со Институтот да се утврди постапка за усвојување и давање согласност на актите поврзани со интегритетот на Институтот.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
