Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на второто продолжение од својата 12-та седница, одржано на 18.11.2025 година во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со претставници на Управниот и Надзорниот одбор на Институтот се дискутираше барањето на Советот за дополнување на документацијата за давање согласност на Годишниот извештај за работата на Институтот за 2024 година, Годишната сметка на Институтот за 2024 година и Ревизорскиот извештај на Институтот за 2024 година. Советот ја забележа влошената комуникација помеѓу Управниот и Надзорниот одбор на Институтот и предложи присуство на свои претставници во Надзорниот одбор, Комисијата за контрола на квалитетот и Комисијата за спроведување на испитот за сметководител и овластен сметководител на Советот. Советот едногласно заклучи ова да се уреди во предлог процедурите, а дополнително беше постигнат консензус Институтот да ги избира ревизорите од Собранието на предлог на Надзорниот одбор при усвојувањето на годишната сметка, годишниот извештај а работењето на Институтот и ревизорскиот извештај во тековната за претходната година, со можност Надзорниот одбор да комуницира со ревизорите при интерим и конечна ревизија. Ова Укажување е доставено до Институтот усно, на записник од седницата на Советот.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски