Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на второто продолжение од својата 12-та седница, одржано на 18.11.2025 година во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со претставници на Управниот и Надзорниот одбор на Институтот го дискутираше барањето на Советот за целосната документација којашто е потребна за надзор над финансиското и материјалното работење на Институтот по повод Одлуката за ослободување на правните лица од обврската за плаќање членарина. Надзорниот одбор посочи отсуство на информации за досегашната комуникација, а Претседателката на Институтот ја образложи генезата на Одлуката за ослободување од членарина и ја потврди подготвеноста документацијата да се достави до Советот. Советот заклучи дека надзорната постапка ќе продолжи врз основа на доставената документација и дека во предлог процедурите треба да се уреди јасен начин на комуникација помеѓу Советот, Управниот и Надзорниот одбор на Институтот.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски