Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на второто продолжение од својата 12-та седница, одржано на 18.11.2025 година во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со претставници на Управниот и Надзорниот одбор на Институтот, го дискутираше делокругот на работата на органите и комисиите на Институтот, кој треба да се уреди во Статутот. Претседателката на Институтот информира дека Статутот ќе се менува на претстојното Собрание, а Советот заклучи предлогот за следење на работењето на Институтот преку свои претставници да се разгледа и од правен аспект.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски