Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 12-та седница одржана на 18.11.2025 година усвои Упатство за користење сопствено моторно возило за службени потреби на Советот. Ова Упатство не се применува доколку за службените потреби на Советот е обезбедено возило кое е во сопственост на Советот, односно возило од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, односно возило кое од Советот е обезбедено преку “рент а кар”. Надомесокот за користење на сопственото моторно возило за службени потреби се исплатува во согласност со важечките прописи и интерни акти на Советот и, по правило, се пресметува како изминати километри помножено со утврдената цена на горивото по литар помножено со 20%.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
