Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 12-та седница одржана на 18.11.2025 година донесе Одлука за утврдување на висината на надоместокот за користено сопствено моторно возило за службени потреби на Советот. Оваа Одлука следи по посетата на Претседателот на Советот на подружниците на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со неговото сопствени возило, за службени потреби на Советот и во истата надоместокот е утврден како поминати километри помножено со утврдената цена на горивото по литар помножено со 20%, зголемено за платениот паркинг и патарини.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски