Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 12-та седница одржана на 18.11.2025 година, постапувајќи по претставка поднесена од страна на познат подносител, за повреда на индивидуално право, заклучи истата да ја проследи на произнесување до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија. По добивањето на произнесувањето од Институтот, Советот ќе донесе одлука од своја законска надлежност.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски