Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 12-та седница одржана на 18.11.2025 година го усвои Извештајот од службено патување во странство, поднесен од страна на Претседателот на Советот, по повод учеството на Претседателот на Советот на 42-рата сесија на Меѓувладината експертска група за меѓународни стандарди за сметководство и известување (UN ISAR), што се одржа од 11-ти до 15-ти Ноември 2025 година во Женева, Швајцарија, во просториите на Организацијата на Обединетите Нации.
Во својот Извештај, Претседателот на Советот забележува дека во рамките на предсесискиот настан се разгледуваале глобалните предизвици поврзани со уверувањата во известувањата за одржливоста, при што истакнато е дека врховните ревизорски институции ширум светот се соочуваат со недоволни капацитети, ограничени надлежности и недостиг од усогласени стандарди во оваа област. Посебен акцент е ставен на важноста од развивање методолошки упатства, јакнење на човечките ресурси и соработка со меѓународните професионални организации.
За сесискиот настан е потенцирано дека најголемиот дел од државите веќе се во напредна фаза на усвојување стандарди за известување за одржливоста, како и дека глобалните организации – IFAC, UN ISAR, UNCTAD, IFRS и GRI – активно работат на развивање алатки, стандарди и поддршка за земјите во нивната имплементација. Извештајот содржи информирани и за новите иницијативи поврзани со известувањето за нематеријални средства, примената на вештачката интелигенција и градењето капацитети во јавниот сектор. При тоа, нагласена е потребата од натамошно развивање на националните капацитети, хармонизација на стандардите и зајакната институционална соработка, со цел успешно исполнување на глобалните барања за известување и уверување во областите на одржливоста и заштита на јавниот интерес.
Имајќи предвид дека следната 2026 година ќе се одржат избори на земји кои ќе делегират делегати во Меѓувладината експертска група за меѓународни стандарди за сметководство и известување, Советот донесе одлука со која го овласти Претседателот на Советот да ги превземе сите неопходни активности за поднесување апликација за зачленување во Меѓувладината експертска група за меѓународни стандарди за сметководство и известување, преку овластен претставник на Советот.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
