Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на првотo продолжение од својата 12-та седница, одржано на 18.11.2025 година во просториите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со претставници на Управниот одбор на Институтот, водеше дискусии за Методологијата за контрола на квалитет на Институтот. Од страна на Претседателката на Институтот беше појаснето дека Методологијата е подготвена врз основа на материјали од Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија и дека првите пет години контролата ќе има советодавен карактер. Претседателот на Советот укажа на повеќе недостатоци во Методологијата, бидејќи таа е изградена на основа на Меѓународниот стандард за управување со квалитетот 1 со што се создаваат различни перцепции кај субјектите на контрола. За надминување на дилемите, Советот заклучи дека е потребно е да се формира заедничка работна група и да се уреди постапката за ревидирање на Методологијата со цел обезбедување на нејзиниот легитимитет.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
