Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 13-та седница одржана на 25.11.2025 година, усвои предлог Процедури за комуникација, размена на податоци и соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија. Во предлог Процедурите е уредено:

  1. Целта и правниот основ на Процедурите
  • Воспоставуваат јасни правила за остварување на законските надлежности на Советот и на Институтот;
  • Уредуваат меѓусебна комуникација, координација, размена на податоци и документи;
  • Постапки за разрешување судири на надлежности и постапки за изземање членови при потенцијални судири на интереси; и
  • Уредуваат форми на соработка, следење на работењето на Институтот и на контролата на квалитетот.
  1. Акти на Институтот подложни на согласност на Советот
  • Општи акти кои создаваат права и обврски за членовите на Институтот (Статут на Институтот, годишни извештаи за работењето, годични сметки и т.н.);
  • Акти за едукација (програми и правилници за испити и континуирано професионално усовршување);
  • Акти за издавање уверенија и лиценци од Институтот;
  • Акти поврзани со регистрите што ги води Институтот;
  • Акти за контрола на квалитетот; и
  • Акти за дисциплинска одговорност и интегритет (правилници за судир на интереси, политика за интегритет, постапки по укажувања од Советот).
  1. Постапка за давање согласност на актите на Институтот
  • Актите се доставуваат од Институтот до Советот за мислење и согласност;
  • Советот се изјаснува, дава мислење и конечна согласност или бара дополнувања; и
  • Постојат рокови за изјаснување (45 дена за конечна одлука, 5 дена за известување).
  1. Следење на примената на актите
  • Советот ја следи примената врз основа на сопствена иницијатива или претставки;
  • Може да достави укажување за изменување и дополнување на актите;
  • Процедури по поднесени претставки, вклучувајќи и повреда на индивидуални права.
  1. Следење на работењето на Институтот
  • Претставници на Советот учествуваат во:
    • Надзорниот одбор;
    • Комисијата за испити; и
    • Комисијата за контрола на квалитетот; и
  • Претставниците на Советот се избираат од Собранието на Институтот по предлог на Советот.
  1. Форми на соработка и координација
  • Заеднички посети на подружници;
  • Заеднички седници за решавање дилеми; и
  • Учество во контролите на квалитетот.
  1. Разрешување судири на надлежности и изземање членови
  • Советот решава судири на надлежности помеѓу органите на Институтот;
  • Советот постапува по барања за изземање членови при потенцијален судир на интереси.
  1. Размена на податоци и документи
  • Се врши писмено или преку официјални електронски канали;
  • Рок за доставување податоци: до 15 дена;
  • Доверливост и заштита на лични податоци.
  1. Превод на Меѓународни стандарди за финансиско известување и Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти
  • Институтот врши преводот, но конечниот текст подлежи на согласност на Советот; и
  • Преведените стандарди по добиена согласност од Советот се доставуваат до Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
  1. Преодни и завршни одредби
  • Процедурите можат да се изменат по иницијатива на Советот или Институтот;
  • Судирите при примената на Процедурите ги разрешува Советот; и
  • Влегуваат во сила со усвојување и потпишување од двете страни.

Предлог Процедурите се доставени од Советот до Институтот на разгледување.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски