Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија на својата 14-та седница, одржана на 28.11.2025 година, ја разгледа информацијата доставена од Претседателот на Советот, со која ги запозна членовите на Советот за намерата на Претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија да ги дистрибуира сите укажувања на Советот до Собранието на Институтот, а потоа до целото членство на Институтот, а со тоа и до пошироката јавност. По однос на оваа информација Советот заклучи да и’ укаже на Претседателката на Институтот дека Укажувањата се акти на Советот и дека без негова изричита согласност, овие акти не смеат да се дистрибуираат во јавност, вклучително и до Собранието на Институтот. Ова заради сензитивноста на деталната содржина на Укажувањата на Советот, поради коишто причини истите не се објавени ниту на веб страна на Советот.
Во смисла на горе наведеното, Советот дополнително и’ укажа на Претседателката на Институтот дека повеќе информации од она што веќе е објавено на веб страната на Советот, не смеат да се објавуваат во јавност и не смеат да се дистрибуираат до пошироката јавност, вклучително и до Собранието на Институтот.
Дополнително, Советот и’ укажа на Претседателката на Институтот дека Советот нема да толерира било какво постапување од нејзина страна, спротивно на ова Укажување.
Со оглед дека во текот на седницата Укажувањата на Советот беа дистрибуирани до Собранието на Институтот, на самата седница, Претседателот на Советот изјави дека е подготвен ставовите на Советот во Укажувањата до Институтот да ги брани јавно.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
