Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 14-та седница одржана на 28.11.2025 година усвои Записник од спроведен надзор над финансиското и материјалното работење на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија. Покрај останатото, клучната констатација на Советот во Записникот е дека Одлуката за ослободување на правните лица од обврската за плаќање членарина со бр. 0201-61 од 03.02.2025 година, донесена од Собранието на Институтот, била извршена и биле извршени исплати од сметката на Институтот и пребивања, без согласност од Советот, односно Советот нема дадено согласност на оваа Одлука донесена од Собранието на Институтот, а исплатите по истата биле извршени. За овие исплати, во Записникот, од аспект на одредбите во чл. 21 ст. 2 т. 2 и т. 4 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија”), Советот ја лоцираше одговорноста кај Претседателката на Институтот, бидејќи таа има законска обврска да се грижи Институтот да работи согласно со Закон и при исплатата, односно при потпишувањето налози за исплата од сметката на Институтот.

Во записникот, покрај останатото, е наведено дека Советот, согласно со чл. 49 ст. 5 т. 1, т. 2 и т. 3, од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на РСМ“ бр. 173/22 и 47/25), ќе донесе Решение со кое ќе наложи превземање одредени активности од страна на органите на Институтот по однос на, според ставот на Советот, незаконското извршување на предметната Одлука, без согласност од Советот.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски