Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 16-та седница одржана на 25.12.2025 година, по извршениот увид на Правилникот за начинот на водење сметководство (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 75/24 и 274/24), објавен на веб страната на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, заклучи да се обрати со Барање до ова Министерство, со цел во најкус можен рок, да се овозможи дигитално пребарување на Меѓународните стандарди за финансиско известување, објавени со претходно наведениот Правилник, со користење на алатката “search”, независно од форматот на објавата – MS Word или PDF.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски