Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 16-та седница одржана на 25.12.2025 година, по повод Барањето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, донесе Одлука со која се дава согласност на Годишната програма за развој и годишниот финансиски план за 2026 година на ИСОС бр. 02-1157/13 од 15.12.2025 година. На истата седница Советот заклучи да му укаже на Институтот на потребата од суштинско доуредување на овој акт на Институтот на начин така што е неопходно да вметне активности со кои ќе ја зајакне професионалната компетентност на неговите членови за доследна имплементација на Меѓународните стандарди за финансиско известување, објавени со Правилникот за начинот на водење сметководство (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 75/24 и 274/24).
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
