Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 16-та седница одржана на 25.12.2025 година, по повод Барањето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, донесе Одлука со која се дава согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Институтот бр. 02-1157/10 од 15.12.2025 година, донесена од Собранието на Институтот на седницата одржана на 13.12.2025 година. На истата седница, Советот заклучи да му укаже на Институтот на потребата од суштинско изменување и дополнување на Статутот на Институтот, особено во деловите на надлежностите на неговите органи и комисии, во согласност со правилниците, доловниците, упатствата и методологиите на Институтот.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
