Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 16-та седница одржана на 25.12.2025 година, по повод доставено прашање од Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија, усвои Мислење за примената на член 12 став 2 од Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување. Според усвоеното Мислење од Советот и имајќи го предвид одложувањето од член 3 од Правилникот за начинот на водење сметководство (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 75/24 и 274/24), доколку обврзниците за водење сметководство продолжиле соодветно да ги применуваат Меѓународниот сметководствен стандард 39 Финансиски инструменти: Признавање и мерење и Меѓународниот стандард за финансиско известување 4 Договори за осигурување, објавени со Правилникот за водење сметководство (“Службен весник на Република Македонија” бр. 159/09, 164/10 и 107/11), како најдостапна професионална рамка, заради обезбедување континуитет во финансиското известување, тогаш нивната примена треба да биде обелоденета во финансиските извештаи и белешки кон обрасците на годишните сметки, согласно со барањата на Меѓународниот сметководствен стандард 1 Презентирање на финансиски извештаи, објавен со Правилникот за начинот на водење сметководство (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 75/24 и 274/24).

Усвоеното Мислење е јавно објавено на веб страната на Советот и е доставено до сите засегнати страни.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски