Дневен ред:

  1. Усвојување Мислење за примената на член 12 став 2 од Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување, по повод поднесено Прашање на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија, заведено во архивата на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија под бр. 03-73/20 од 23.12.2025 година;
  2. Разгледување на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија бр. 02-1157/10 од 15.12.2025 година, донесена од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на седницата одржана на 13.12.2025 година и донесување Одлука со заклучоци по истата;
  3. Разгледување на Годишната програма за развој и годишниот финансиски план за 2026 година на ИСОС бр. 02-1157/13 од 15.12.2025 година, донесена од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на седницата одржана на 13.12.2025 година и донесување Одлука со заклучоци по истите; и
  4. Усвојување на Барање да се овозможи пребарување на Меѓународните стандарди за финансиско известување со користење на алатката “search”, независно од форматот на објавата, до Министерството за финансии на Република Северна Македонија.