Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 1-ва седница одржана на 23.01.2026 година, постапуваше по две дополнувања на претставка поднесени од страна на познат подносител со бр. 03-85/3 од 26.12.2025 година и со бр. 03-85/4 од 30.12.2025 година, двете дополнувања поднесени по електронски пат и едно дополнување на претставка со бр. 03-14/1 од 09.01.2026 година, поднесено до архивата на Советот и по однос на наводите во истите заклучи да побара објаснување, податоци, информации и документација од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
