Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 1-ва седница одржана на 23.01.2026 година, ги разгледа дописите поднесени од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со бр. 03-863/3 од 19.11.2025 година, 03-863/4 од 11.12.2025 година и 03-863/6 од 22.12.2025 година и по однос на содржината во истите заклучи дека нема да се произнесува.

Советот е на став дека дилемите кои се појавија во пракса околу доследната имплементација на Меѓународните стандарди за финансиско известување, на национално ниво, се во фаза на надминување и нивно разрешување. Советот му укажа на Институтот на потребата од зајакнување на надлежностите на неговата Комисија за МСФИ во процесот на преведување и ажурирање на најновите МСФИ во идннина со истовремена хармонизација на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување, согласно со надлежностите на Институтот и на Советот.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски