Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 1-ва седница одржана на 23.01.2026 година, го разгледа одговорот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со бр. 03-19/1 од 21.01.2026 година, и донесе Одлука за давање на согласност на Препораките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување бр. 02-72/4 од 21.01.2026 година, донесени од Управниот одбор на Институтот, на предлог на Комисијата за меѓународни стандарди и финансиско известување, на седницата одржана на 21.01.2026 година.
На истата седница, Советот заклучи дека е неопходно да му укаже на Институтот, во најбрз можен рок да подготви акциски план во кој ќе бидат уредени активности од Институтот со цел подигнување на професионалната компетентност на сметководителите, овластените сметководители и на сите останати засегнати страни за правилна и доследна примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување. Советот смета дека во овој акциски план, Институтот особено внимание треба да посвети на следните активности:
– Едукација на сите засегнати страни од примената на МСФИ (даночни инспектори, вработени во супервизорски органи, контролори во надзорни тела и така натаму) со цел истите да ја разберат суштината од примената на МСФИ; и
– Организирање и спроведување обуки за континуирано професионално усовршување на сметководителите и овластените сметководители од страна на Институтот за правилна и доследна примена на МСФИ, а ова согласно со неговите законски овластувања.
По изработката на акцискиот план и неговото усвојување од страна на Управниот одбор на Институтот, Советот побара истиот да се достави до него на разгледување и давање согласност. Во акцискиот план, за секоја активност, Советот побара да се дадат рокови за негова имплементација.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
