Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 1-ва седница одржана на 23.01.2026 година, ги разгледуваше дописите од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија со бр. 03-98/2 од 10.12.2025 година, 03-98/3 од 11.12.2025 година и 03-98/4 од 23.12.2025 година и заклучи дека по однос на содржината во истите нема да се произнесува.
Советот е отворен за соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: Институтот) во постапката на ревидирање на неговите акти, согласно со доставените укажувања од Советот и, во таа прилика, Советот ја изрази неговата подготвеност да го поддржи Институтот во процесите на ревидирање на неговите акти.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
