Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 1-ва седница одржана на 23.01.2026 година, го разгледа Барањето од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот за 2024 година и на Одлуката за усвојување на Ревизорскиот извештај на годишната сметка на Институтот за 2024 година, заведено во архивата на Советот под бр. 03-20/1 од 16.04.2025 година и дополнувањата на ова Барање, заведени во архивата на Советот под бр. 03-20/6 од 20.11.2025 година, 03-20/7 од 25.12.2025 година и 03-20/8 од 31.12.2025 година и донесе Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишната сметка и годишниот извештај за работа на Институтот за 2024 година бр. 0201-157/1 од 14.04.2025 година, донесена од Собранието на Институтот на седницата одржана на 12.04.2025 година; и Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Ревизорскиот извештај на годишната сметка на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија за 2024 година, со бр. 02-158/1 од 14.04.2025 година, донесена од Собранието на Институтот на седница одржана на 12.04.2025 година.
Советот заклучи дека е неопходно да му укаже на Институтот, во иднина, Барањето за давање согласност на горе наведените акти, да биде проследено со одредена документација од Институтот, која е прецизирана во пропратните писма од Советот до Институтот.
Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски
