Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија и Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје, на 12.12.2025 година потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за континуирана соработка и реализација на активности од заемен интерес на двете страни.

Меморандумот предвидува размена на податоци и информации, како и обезбедување заемна строчна поддршка во рамките на областите на делување на договорните страни.

Сроаботката предвидува можност организирање заеднички обуки, едукативни и промотивни настани и учество во заеднички проекти за теми од заеднички интерес на двете договорни страни.

Претседател на Советот
м-р Дарко Дачевски