СУНСП ги известува професионалните корисници дека на неговата веб страна е објавен текстот од официјалниот превод на МСФИ, во соработка со Министерството за финансии на Република Северна Македонија. Овозможено е пребарување на текстот со користење на напредна дигитална алатка, така што со пребарување на еден термин, алатката покажува точно во кој стандард тој термин се појавува. Овозможено е пребарување низ текстот и со класичниот пребарувач control + f сето ова со цел да се олесни примената на МСФИ од страна на нивните корисници.

Објавениот текст од официјалниот превод е достапен на следниот линк – Меѓународни стандарди за финансиско известување

СУНСП се заблагодарува на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за соработката и останува посветен на потребите на сите професионални корисници.