Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 2-ра седница одржана на 09.02.2026 година, донесе Oдлука за објавување на текстот од официјалниот превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните сметководствени стандарди на веб страната на Советот, со прилог важни напомени при користењето на објавениот текст од официјалниот превод. На истата седница, Советот заклучи до Министерство за финансии на Република Северна Македонија да достави информација за објавениот текст од официјалниот превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување и да ја достави Одлуката за објавување на текстот од официјалниот превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните сметководствени стандарди на веб страната на Советот, со прилог важните напомени.

Советот заклучи до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и до Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија, да достави поединечни информации за објавениот текст од официјалниот превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување.

Понатаму, Советот заклучи до Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија да достави информација дека Советот на својата 15-та седница одржана на 19.12.2025 година, усвои Насоки за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување и да ја објасни суштината на тој документ. Во информацијата до Управата, Советот заклучи да образложи дека по повод прашањето на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија, заведено во архивата на Советот под бр. 03-73/20 од 23.12.2025 година, Советот, на својата 16-та седница одржана на 25.12.2025 година, Советот усвои Мислење за примената на член 12 став (2) од Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување, во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување.

Во истата информација до Управата, Советот заклучи да наведе дека согласно со Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување, од страна на Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 21.01.2026 година, а на предлог на Комисијата за меѓународни стандарди и финансиско известување, донесени се Препораки за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување бр. 02-72/4 од 21.01.2026 година; и да образложи дека Советот, на својата 1-ва седница, одржана на 23.01.2026 година, врз основа на член 5 став (1) точка 3, а во врска со точка 9 од Законот за вршење на сметководствени работи, донесе Одлука за давање согласност на Препораките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување, донесени од Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.

Во информацијата до Управата, Советот заклучи да даде и информација и дека од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија до Советот е доставен одговор според кој Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување и Мислењето за примената на член 12 став (2) од Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување, се во функција на обезбедување доследна примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување, објавени со Правилникот за начинот на водење сметководство (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 75/24 и 274/24). Во тој поглед, Советот заклучи да ги достави до Управата Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување; Мислењето за примената на член 12 став 2 од Насоките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување во период на ажурирање на подзаконските акти со кои се уредува формата на финансиското известување; Препораките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување бр. 02-72/4 од 21.01.2026 година; и Одлуката за давање согласност на Препораките за техничка примена на Меѓународните стандарди за финансиско известување, заради нивно имплементирање.

Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски