Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 5-та седница, одржана на 06.03.2026 година, заклучи да ги побара од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија сите извештаи од извршените контроли на квалитет, заради остварување на надлежностите на Советот од член 5 став 1 точка 4 и точка 7 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 173/22 и 47/25) и член 5 став 1 точка 1 и точка 2 од Статутот на Советот (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 254/22). По добивањето на овие извештаи, Советот дополнително ќе се изјасни за начинот на кој ќе ги остварува своите надлежности од горе наведените законски и статутарни одредби.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
