Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница, одржана на 16.03.2026 година усвои Насоки за определување на економската вредност на сметководствениот труд.
Целта на Насоките е да се спречи деградација на сметководствената професија преку нелојална конкуренција и со обезбедување економична, ефикасна и ефективна алокација на ресурсите на давателите на сметководствени услуги за да можат, со должно професионално внимание, да извршуваат сметководствени услуги за потребите на обврзниците за водење сметководство. Покрај останатото, Насоките даваат можност на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија да усвои Методологија за определување на цената на сметководствени услуги и Препораки за техничка примена на Насоките, кои ќе можат да се применуваат по добивањето согласност од страна на Советот.
Од страна на Советот обезбедено е позитивно мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Северна Македонија, според кое оваа Комисија нема забелешки во однос на текстот на Насоките, по што Советот пристапи кон нивно усвојување.
Усвојувањето на Насоките, врз основа на добиеното позитивно мислење од Комисијата е историски момент за сметководствената професија на Република Северна Македонија и во оваа прилика Советот упатува искрени честитки до сите сметководители и овластени сметководители.
Насоките, во нивниот изворен текст е достапен на следниот линк.
На давателите на сметководствени услуги Советот им посакува успешна и, пред сè, квалитетна работа со примената на овие Насоки.
