Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, заклучи дека по дописите со бр. 03-46-21 од 20.11.2025 година, 03-46/22 од 03.12.2025 година и 03-46/23 од 23.12.2025 година, нема да се произнесува. Воедно, Советот заклучи да достави одговор до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија дека со усвојувањето на Насоките за определување на економската вредност на сметководствениот труд, дилемите околу имплементацијата на актите со кои се уредува материјата за контрола на квалитетот во вршењето на сметководствените работи се во иницијална фаза на надминување. За потребата од ревидирање на актите со кои се уредува материјата за контрола на квалитетот во вршењето на сметководствените работи, Советот ќе донесе други насоки за Институтот.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
