Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, усвои Насоки за определување на економската вредност на сметководствениот труд, со заклучоци, во врска со поднесена Претставка со бр. 03-75/1 од 08.10.2025 година и заклучи истите да ги испрати до Комисијата за заштита од конкуренцијата на Република Северна Македонија, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и Министерството за финансии на Република Северна Македонија.
Советот исто така заклучи да достави одговор до Институтот, со кој ќе го информира дека Советот усвои Насоки за определување на економската вредност на сметководствениот труд, за кои обезбеди позитивно мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Северна Македонија. Воедно Советот заклучи да го информира Институтот дека Насоките даваат можност да усвои Методологија за определување на цената на сметководствени услуги и Препораки за техничка примена на Насоките, кои ќе можат да се применуваат по добивањето согласност од страна на Советот. За таа цел, при постапувањето од страна на Институтот, а заради доследна имплементација на Насоките, Советот очекува директна и тесна соработка со Институтот.
Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски
