Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, на својата 6-та седница одржана на 16.03.2026 година, донесе Одлука по повод Приговор на Записник од спроведен надзор бр. 02-52/11 од 28.11.2025 година на СУНСП,  поднесен од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, заведен во архивата на Советот под бр. 03-52/18 од 05.12.2025 година, со заклучоци, и заклучи истиот да го достави до Институтот.

Советот на истата седница заклучи да му укаже на Институтот за следното:

– Да ги преиспита роковите и начинот на остварување на правата за поврат на средствата на правните лица од член 3 од Одлуката за ослободување на правните лица од обврската за плаќање членарина бр. 0201-61 од 03.02.2025 година и за тоа да достави докази до Советот, најдоцна до првиот работен ден од денот на одржување на следното Собрание на Институтот;

– Да ја преиспита соодветноста за достава на Одлуката за ослободување на правните лица од обврската за плаќање членарина со бр. 0201-61 од 03.02.2025 година од член 4 на истата и за тоа да достави докази до Советот, најдоцна до првиот работен ден од денот на одржување на следното Собрание на Институтот; и

– На потребата од суштинско менување и усогласување на одредбите во член 25 став (1) и став (7) точка 8) од Статутот на Институтот, од причина што надзорот, односно контролата над работењето на Институтот е непренослива надлежност на Советот, согласно со Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.173/22 и 47/25). Ова затоа што тоа Институтот не може да се контролира самиот себе. Усогласувањето на овие статурани одредби да се изврши во рок до денот на одржување на следното Собрание на Институтот и за тоа да се достави Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Институтот на согласност до Советот, најдоцна до првиот работен ден, сметано од денот на одржување на следното Собрание на Институтот. Со цел поголема ефикасност во постапувањето на Институтот, Советот бара предлог Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на Институтот, претходно да се достави до Советот на разгледување, пред нејзино конечно донесување од страна на Собранието на Институтот. Воедно, Советот заклучи да го извести Институтот дека доколку не постапи по овие укажувања, Советот ќе спроведе директен надзор, согласно со член 49 од Законот за вршење на сметководствени работи, со цел да испита дали од страна на Институтот биле вршени исплати и пребивања спрема правни и физички лица по основ на членарина без согласност на Советот.

Претседател на Советот
д-р Дарко Дачевски